Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со нова лесна победа, рутински над Металург (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Металург 34:24 (18:10)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ во Битола
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески

Еурофарм Пелистер: Хендави, Чаневски, Ојлески 4, Н. Маркоски, Маџовски 1, Кукуловски 3, Кушан 4, Радовиќ 1, Танкоски 4, Периќ 9, Костески 1, Кукоски, Петровски, Велковски, Граџан 2, Ѓукиќ 5
Седмерци: 8/7, исклучувања: 8 минути

Металург: Дупјачанец, Ѓоргоски, Петковски, Поповиќ 2, Кофиловски 2, Шилегов 1, Хорват 2, Калуѓеровиќ 9, Серафимов 3, Лазарески, Тарабокиа, Тодески, Митиќ, Рниќ 1, Додиќ 4, В. Маркоски
Седмерци: 4/1, исклучувања: 6 минутиЕурофарм Пелистер во Битола во 12. коло од плеј-офот ја забележа победа против екипата на Металург, каде тренер е битолчанецот Иван Марковски, убедливо и лесно со резултат 34:24, полувреме 18:10, што е единаесетта радост во плеј-офот.Во Битола отворањето на натпреварот започна со три израмнувања, а потоа Еурофарм Пелистер се одлепи на +3. Во  20. минута со серија 5:0 во 28. минута Еурофарм Пелистер поведе со +9. На одмор се отиде со 18:10.Вториот дел започна во знакот на Периќ и Кушан, за иста предност, а потоа  Металург оствари серија 3:0, за 24:18. За брзо Еурофарм Пелистер се одлепи за мирен финиш и победа од 34:24.Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Периќ со девет и Ѓукиќ со пет погодоци.Во претпоследното 13. коло Еурофарм Пелистер го игра градското дерби со Еурофарм Пелистер 2.

More from СпортMore posts in Спорт »