Press "Enter" to skip to content

Пелистер имаше +16 против МЗТ, но “штрковите“ поведоа со 1:0 во полуфиналето (фотогалерија)

Пелистер – МЗТ Скопје 72:79

Во првиот натпревар од полуфиналето на плеј-офот кошаркарите на Пелистерм свој терен, во Битола, предводени од новиот тренер Небојша Видиќ, се поразени од МЗТ Скопје, со 72:79, а со тоа екипата од Скопје поведе со 1:о во полуфиналето.“Пелистерци“ на стартот на натпреварот, одлично отворија и поведоа со 12:0 со одлична одбрана, по пто следуваше нервозен тајм-аут на гостите, по кој се созедоа. До крајот на првата четвртина остана истото водство на Пелистер, +12, со двоцифрена предност на Пелистер од 26:16.Во продолжението, со серија од 10:4 “пелистерци“ стигна и до најубедливата предност +16 36:20, во 14. минута. Но “металците“ најдоа начини да ја намалат таа висока негатива, до крајот на втората четвртина надополнија девет поени за 37:44.Третиот период беше вистинско враќање на гостите кои стигнаа и до реми 51:51, на три минути пред истекот на третата четвртина беше и нерешено 51:51, но водството остана за Пелистер, по 30.минути 59:55.По тројката на Стојановски, МЗТ Скопје поведе за прв пат на овој меч, а во 32. минута беше 63:61. МЗТ Скопје Аеродром дојде и на уште повисоки 71:66, но до крајот на играта останаа само четири минути.“Пелистерци“ имаа сериозен проблем, како да реализираат од линијата за слободни фрлања, што влијаеше и на конечниот резултат. На другата страна, Мекиќ беше „мирен“ и му доенсе на МЗТ Скопје 79:72.Најефикасни во домашната екипа беа Кесар и Калахан со по 16 поени.Вториот натпревар од серијата се игра в петок во Скопје. 

More from СпортMore posts in Спорт »