Пелистер Волеј – ЈВ Кисела Вода 0:3
(19:25; 14:25; 11:25)
Младинките на Пелисер Волеј од Битола се поразени во финалето од “Ф4“ од екипата на ЈВ Кисела Вода со 0:3 во натпревар во кој започнаа одлично, со водство, но после повредата на Пејовска, не успеаја да се вратат во игра и да дојдат до победа и златен медал.
За почетокот на младинското финале, тренерот Роберт Митковски вели:
-Започнавме експлозивно и фуриозно, водевме на почеток на сет, а резултатот беше неизвесен се до онај кобен момент кога при резултат 21:19 момент се повреди нашиот најискусен среден блокер Ана Пејовска, која беше лидер по освоени поени претходно во полуфиналниот дуел со Вардар ЕМ. Го загубивме првиот сет во многу борба и неизвесност и убавина, а за продолжението на натпреварот додава:
-За жал во наредните два не успеавме да се ослободиме од притисокот и одигравме во грч заради немилата случка. Го загубивме големото финале, што е единствен пораз после две сезони, но за само 24 часа станавме два пати вице шампиони на Македонија, и ова е неверојатен успех, ова е историја за Пелистер и за Битола.









