Еурофарм Пелистер – Охрид 30:14 (15:8)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски
Еурофарм Пелистер: Хендави, Чаневски, Трајковски, Ојлески 1, Маркоски 1, Маџовски 3, Кукулоски 1, Кузманоски 4, Мандалиниќ 1, Кушан, Радовиќ 3, Танкоски 1, Периќ 3, Кукоски, Граџан 6, Ѓукиќ 6
Седмерци: 3/2, исклучувања: 4 минути
Охрид: Брауновиќ, Андоновски 1, Ивановски 3, Блажески, Костов, Николов, Иваноски, Ковачески, Соколов 1, Младеновиќ 1, Наумоски, Манасков 3, Шулески 1, Ристески, Димитриески, Тот 4
Седмерци: / исклучувања: 0 минути
Суперлига во ракомет заврши во Битола со одигрување на (плеј-оф) 14. коло, ко кое ракометарите на Еурофарм Пелистер ја забележаа тринаесеттата победа во разигрувањето, над екипата на Охрид, со резултат 30:14 (15:8).
Отворањето на натпреаврот во кој победникот се знаеше пред почетокот на натпреварот, беше израмнет, а при резултат 7:7 екипата на Еурофарм Пелистер направи сероја од 4:0. Иако гостите со тајм-аут се обидоа да се консолидираат, сепак полувремето заврши со 15:8.
Вториот дел не понуди ништо повече од рутинско завшување на натпреварот и сезоната, а по одбраните на Трајковски предноста брзо достигна +10. Бабиќ им даде шанса на сите ракометари, а на крајот Еурофарм Пелистер извојува победа од 30:14.
Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Ѓукиќ и Граџан со по шест погодоци.
Со оваа победа битолчани сезоната ја завршија на второто место, со ист број на бодови како шампионот Вардар 1961, но послаб меѓусебен скор во плеј-офот, а единствениот пораз го имаа од Вардар во Скопје.
[ngg src=”galleries” ids=”725″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]









