Press "Enter" to skip to content

КК Пелистер започна со формирање на тимот за идната сезона, Младеновиќ прво засилување

Се уште не се направени анализите за тоа како заврши оваа сезона екипата на Пелистер од Битола започна со формирање за новиот тим за наредната сезона, а како прво засилување е досегашниот плејмејкер на Работнички, Марјан Младеновиќ, а ќе се додава квалитет и на вака квалитетниот ростер.

Плејмејкерот Марјан Младеновиќ денес потпиша двегодишен договор и наскоро ќе биде и официјално претставен во клубот од Битола, а тој повторно ќе работи со Марјан Илиевски, со кого заедно триумфираа во БИБЛ лигата во 2019 година со екипата на Блокотехна.

Станува збор за искусен организатор на играта, кој изминативе две сезони ги одигра во дресот на Работнички, а претходно има настапувано и за екипите на Овче Поле, Радовиш и на Куманово.