Со присуство на гости и пријатели и одигрување на партии шах во клубските простории, вечерва започна со работа новиот шаховски клуб во Битола со име Шах-Шех. Клубските простории се наоѓаат на вториот кат во пазаришниот комплекс во Нова Битола.Основачи на овој шаховски клуб се Гоце Гецовски, кој е и претседател на кубот, Лазар Рајчовски, Зоран Попчевски, Томица Брзановски, Дарко Попчевски и Душан Јанкуловски.
По повод стартување со работа на новиот клуб Претседателот Гоце Гецовски на свеченото отворање ни рече:
-Клубот во мојата глава е отворен уште во јануари оваа година, но официјално е отворен денес, како што гледата со многу битолчани, љубители на оваа древна игра. Мене посебно ме израдува што гледате и само на таблите играа шах млади деца, кои се надевам нема да бидат тука само вечерва туку и во наредниот период.
За тоа како дојде до идеја за формирање на нов клуб во Битола и кои се амбициите на клубот Гоцевски ни рече:
-Да бидам искрен идејата за нов клуб дојде поради тоа што со шаховскиот клуб “Стево Патако“, каде бев јас и останатите членови имавме разлики во размислувањето. Се одлучивме за нов клуб со кој си поставивме неколку цели. Прво да прибереме млади деца, а според тоа дека денес има многу млади мислам дека ќе успееме да формираме школа за шах. Ќе има месечно по 8 часа за теорија и пракса за шах, ќе им предаваме ние, а секако и легендите за битолскиот шах, како Борче Илиевски и други. Досега имаме 15 тина членови ко веќе се наши шахисти, а поради подготовките околу отворањето не успеавме тој број да биде поголем, но деновиве ќе направиме и регистрација на новите членови.
Клубот ќе има екипа која ќе се натпреварува, а Гецовски вели:
-На 3 јули ќе имаме прво “шаховски крштевање“ каде ќе играме квалификации за пласман во прва лига, а се надевам дека тоа успешно ќе го поминеме и наесен веќе ќе бидеме дел од најквалитетните шаховски клубови кај нас.
Гецовски ни рече дека нивна голема идеја е да ги тргнат децата од комјутерите, телефоните, таблетите, и да играат шах во живо. Битола има голема традиција за шах, има многу интелигентни деца кои брзо ќе научат шах и ќе ги заземат местата на битолските шаховски легенди.

Започна со работа новиот шаховски клуб Шах-Шех во Новиот пазар во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: трикотажа “Пелистер“ прослави 90 години постоење (фото)
- Нова очекувана победа на Пелистер Волеј за стабилизирање на првото место
- Мозаици на академик Газанфер Бајрам изложени во Офицерски дом во Битола
- Денес по петти пат “Зелен Баир“ пошумување кај Кркардаш, “БВ бизнис груп“ обезбеди 500 зимзелени садници (фото)
- Интервју: Мими Марковски, музичар, водител, новинар од Битола: “југото“ медуим со урбани ликови е во прв план (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Нова очекувана победа на Пелистер Волеј за стабилизирање на првото место
- Еурофарм Пелистер лесно до бодови против Пролет во Битола (фотогалерија)
- Пелистер победник на пелагониското дерби против Победа
- Еурофарм Пелистер останува без бодови во ЛШ, пораз на гостувањето од Киелце
- Ангеловски: во Лигата на шампионите секој натпревар мотивира, така е и со Киелце