Денес, петок, 11 јуни, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне променливо облачно, од пладневните часови и попладне можност за нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 25 степени. УВ=6
Утре, сабота, 12 јуни, во Битола времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, од пладнените часови до крајот на денот ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места и појава на град. Температурата во Битола до 25 степени. УВ=7






