Вчера вечер во малата сала на Центарот за култура во Битола со проекција на филмот “Покажи ми го патот до станицата“ и во Битола започна “Неделата на современ јапонски филм“ со кој филм беше претходно и стартот на фестивалот и во Скопје. Неделата на јапонскиот филм во Битола ја отворија Канако Теруи – аташето за култура од Јапонската Амбасада и Маја Андоновска – Илиевски – директор на Центарот за култура во Битола.
-Со аташето за култура од Јапонската Амбасада, Канако Теруи имавме можност да оставариме средба , да поразговараме за идни заеднички соработки и по трет пат да реализираме ревија на јапонски филмови во заедничка соработка на Центарот за култура Битола и Јапонската амбасада со наслов “Недела на современ јапонски филм“. Филмот како амбасадот до нас ја доближува јапонската култура, вредности и богата традиција и барем на неколку часа можеме да отпатуваме во некои нови светови, рече Андоновска-Илиевски, на отворањето на ревијата на филмови.
Денес ќе биде прикажан и вториот филм од ревијата со наслов “Ресторан од небото“, а поради ковид мерките, местата се ограничени и задолжително е носење на заштитна маска за време на проекциите.

Во рамките на “Недела на современ јапонски филм“ проекции и во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Злато за Леа Бошеска и Сара Стојановска, бронза за Леона Алиловска во кик-бокс на “Трофеј на Белград“
- Општина Битола петта година по ред го организира Буџетскиот форум за креирањето на Буџетот, овој пат за 2027
- Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 19 степени
- Пелистер поразен од Работнички откако имаше +14, по неизвесна завршница во Битола (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- “Патот станува место“ изложба на Ангела Каранфилова и Кристина Таневска (фотогалерија)
- Македонската филхармонија го изведе “Музички код“ во Битола (фотогалерија)
- Македонската филхармонија во Битола со концерт “Музички код“
- Игор Трајковски – Фоја: секое мое доаѓање во Рим открива нов слој од градот, но и од самиот себе (фотогалерија)










