Press "Enter" to skip to content

Прес-конференција за новата премиера на НТБ “History of motherfuckers“ (фотогалерија)

Денес во малата сала на Центарот за култура во Битола се одржа прес-конференција на која беше преставена новата премиера на Народниот театар од Битола, “History of motherfuckers“, по Кориолан од Вилијам Шекспир и драматургот Ведрана Божиновиќ, режисер Андраш Урбан. која е закажана да се одигра четврток во 20 часот на сцената “Благоја Стефановски – Баге“.За претставата зборуваше директорот на НТБ – Иван Јерчич, кој во оваа претстават и самиот ќе биде актер и режисерот Андраш Урбан, композиторот Ирена Поповиќ Драговиќ, драматургот Ведрана Божиновиќ и актерите Соња Михајлова, Викторија Степановска- Јанкуловска, Сандра Грибовска и Николче Пројчевски.-Мене ми е огромно задоволство што овде повторно го имаме Андраш Урбан како режисер и тоа по трет пат во Битола, наш пријател и човек кој направи историски претстави во НТБ во изминатите две години, како и Ирена Поповиќ Драговиќ и Ведрана Божиновиќ, најзналаните театарски творци во регионот.  Јас не би зборувал за претставата, за тоа ќе зборува авторскиот тим, а само ќе кажам дека играме екипа од пет луѓе, а поради пандемијата екипата е помала. Се надевам дека направивме претстава која ќе го завржи вниманието на публиката, рече Иван Јерчиќ.-Ми се допадна што тргнавме со помала актерска екипа и ни остана повеќе време да се занимаваме со екипата. Сакам да споменам и тоа дека ми се соработници Благој Мицевски, Валентин Светозарев и Сашо Илковски. “History of motherfuckers“ е Шекспировска приказна, и во текот на целата претстава публиката може да го следи шекспировиот неомилен јунак Корилан, секако во авторски момент на Ведрана Божиновиќ со специфична музика на Поповиќ. Претставата се занимава не со македонската реалност туку со ралноста на Балканот, каде човекот како граѓанин го доживува искуството што ни го даде досегашната реалност. Кориолан е борба на автократско и демократско, осносно како ние ја доживуваме демократијата. Како и Кориолан така и драмата ретко се игра во театрите и не знам точно која е причината. Кориолан е војник без способности за дипломатија, а тоа ја руши демократската организираност и е тешко да се каже дали е позитивен или негативен лик. Тука е и приказната за преврливоста на луѓето, рече режисерот Урбан. Драматургот Ведрана Божиновиќ рече:-Приказната за Кориолан е приказна за еден за нас многу актуелен момент во кој се наоѓаме. Општеството се наоѓа во транзиција, а ние живееме во вечна транзиција веќе 20 години и знаеме одлично како тоа изгледа. Општеството се наоѓа во момент кога народот сака да владеа, а ие жевееме во моменти кога народот секој по малку одлучува дека работите ќе ги преземе во свои раце, а работите со години остануваат исти. Ова е приказна за општество која ги прави законите, а врз основа на направените закони го отфрла поединецот надвор од државата. Демократијата е владење на народот и ние знаеше што тоа значи, а ние преку претставата сакаме да дефинираме што е народ. Во последната година и пол демократијата се редефинира и ние скратени правата на движење, слобода, двиќење, а ние лесно се согласивме на тоа, за наше добро, но целиот свет се менува. Актерите носат свои размислувања, со силен режисерски печат на оваа претстава. Мене лично ми е гоелма чест да работам во Битола.Ирена Попович по втор пат работи во Битола и за новата премиера рече:-Напорно е со глумците да се направи нешто, што ние го викаме сонгови, а тоа се монолози низ песна. Заедно со два музичари направивме добри сонгови, кои се надевам дека и по претставата ќе се потпевнуваат и за тоа им благодарам на сите.-Особени ми е мило што по една година и кусур сме во театар и конечно сум тргнат од социјалните мрежи и тоа што го мислам да го кажам на сцената, рече Никола Пројчевски, а Соња Михајловска рече дека и е мило што ќе игра заедбо со најмладата актерка во театарот Грибовска и секако со Степановска- Јанкуловска која е веќе во полна зрелост, а истото задоволство од тоа што ќе игра во претставата го искажа и Александра Грибовска.Ова е трета премиера на НТБ во оваа пандемиска календарска година и со неа ќе гостуваме во Србија и на Охридско лето.

 

 

 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »