Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.
Овој пат д-р Васил Чипуровски зборува за ебштајнова аномалија:
-Eдна од повеќето причинители на трикуспидна инсуфициенција со регургитација на крв од десна комора во десна преткомора покрај реуматската треска, тапи трауми во граден кош, ендокардити е и Eбштајновата аномалија – Ebsteins anomaly или деснострана атријализација на срцето при што трикуспидните кусписи се изместени вродено апикално кон коморите при што десната преткомора е поголема од вообичаено на ехокардиографија исто постои и подолги залистоци нивно треперење и даден степен на трикуспидна инсуфициенција.
При ебштајновата аномалија често има и други вродени дефекти како вентрикуларен септален дефект, атријален септален дефект, коарктрација на аорта итн.

Кардиохирушки третман е потребен во случаи на тешка симптоматска трикуспидна регургитација без да има тешка деснострана срцева слабост со периферни едеми, плеврални ефузии, хепатомегалии, асцитес кога е веќе доцна!
ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓа на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“.






