Тимот на ФК Пелистер од Битола кој минатата сезона ја постигна целта, обезбеди опстанок во Првата лига, многу порано отколку што се надеваше, остана и без можеби најдобриот фудбалер, Омар Гудијаби, кој покрај одличнит игри постигна и ефектни голови, кои беа и одлучувачи во борбата за опстанок.
Омар Гудијаби кој не беше член на ФК Пелистер, туку беше позајмен фудбалер од екипата на Шкупи, кариерата ќе ја продолжи во Азербеџан, во тимот на Кешла, од каде веќе е промовиран како нивно засилување.
26-годишниот Гудиаби пред заминувањето од Битола рече дека доколку се одлучи да остане во Македонија, негова желба е да остане во Битола, но по се изгледа направил добар трансфер во Азербеџан.
Гудиаби, во Македонија дојде од Сенегал, а во Битола одигра триесет натпревари на кои даде четири гола и забележа седум асистенции.










