Press "Enter" to skip to content

Ординација “Д-р Чипуровски“: вродени транспозиции на големи крвни садови на срцето

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме болестите кои се откриват со најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат д-р Васил Чипуровски зборува за вродени транспозиции на големи крвни садови на срцето, за што вели:-L-TGA лева транспозиција на големи крвни садови на срцето ретка аномалија кај која неоксигенираната крв се враќа низ  десна преткомора преку митрална валвула во десно поставена лева комора и од таму преку пулмоналната артерија во белите дробови додека оксигенираната крв од левата преткомора преку трикуспидната валвула и десна комора позиционирана на местото од левата комора  циркулира преку аортата во системската циркулација.

Често поради анатомските карактеристики и морфолошки особини на  десна комора имаме развивање со тек на време на конгестивна срцева слабост во случаите на L-TGA,за разлика од D-TGA каде имаме цијаноза и смрт на новороденото брзо после раѓањето и потреба од итна кардиохирушка интервенција.

Десната транспозиција на големите крвни садови или D-TGA се карактеризира со излез на аортата од десна комора во пулмонална циркулација и излез на пулмоналната аорта од лева комора во системска циркулација.

Чести аномалии поврзани со L-TGA и D-TGA се вентрикуларен септален дефект, трикуспидални абнормалности, регургитација ебштајнова аномалија, митрални валвуларни абнормалности дисплазија, повеќе кусписи итн.

ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓа на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“.

More from СоветиMore posts in Совети »