ФК Пелистер од Битола го напуштија уште двајца фудбалери. Од клубот си замина Алдаир Нето, кој среќата ќе ја побара надвор од Македонија. 26-годишниот офанзивец немаше договор со битолчани и како слободен замина во Азербејџан. Ги следеше стапките на неговиот соиграч Омар Гудиаби, па потпиша договор со екипата на Кешла до крајот на сезоната. Нето во Македонија играше за Пелистер и Шкендија, но на вкупно 18 натпревари даде само еден гол. Беше дел и од Бангор Сити, Гафања, Маритимо Б, Фатима и Оеирас.
Љавдрим Фазлиу повеќе не е дел од Пелистерм тој ја напушти Битола и сега е член на екиоата на Македонија ЃП, со кој потпиша договор и ќе биде во нивниот напад. 21-годишниот офанзивец одигра 32 натпревари во најквалитетната македонска фудбалска лига на кои постигна два гола и додаде три асистенции. Фазлиу е производ на фудбалскиот клуб Работнички каде се афирмира како првотимец. За него Македонија ЃП ќе биде трета станица во кариерата.










