Пред можеби десетина години, сегашниот министер за локална самоуправа од Битола, Горан Милевски, тогашен советник во Советот на општина Битола, заедно со други советници, иницираше реконструкција на Калето над Битола, односно на црквата Успение на Пресвета Богородица, каде е крунисан Гаврило Радомир, син на Цар Самоил.
Денес, мистерот Милевски со директорката на Музејот во Битола, Мери Стојанова, го потпиша договорот за подготвителни активности на реконструкција на Битолското кале, односно на поранешната, расрушена црква.
-Ќе започнеме со конзерваторски истражувања кои опфаќаат археолошки истражувања, физички и хемиски анализи, историско уметнички анализи. Со истражувањето ќе се утврди точната година на градба, проширување на истражуваната област, обезбедување на сите потребни дозволи за изведување на реконструктивни активности и градба. Со ставање во функција со содржини и пристап, кои се неопходни за привлекување на туристи, Битола, град со 1.000 годишна традиција, ќе добие уште една примамлива дестинација која ќе привлекува туристи и ќе ја збогати конкурентноста на регионот, напиша денес Милевски на својот фејс бук профил.
Калето се наоѓа над Геранските гробишта, на северозападната странаод Битола. Високиот рид доминира над околината и има надморска височина од 894 метри, каде има две зарамнети платоа, со површина од околу 500 × 190 м, на кои се среќаваат остатоци од градежен материјал (речен и кршен камен, варов малтер, тули и имбрекси), како и фрагменти од керамички садови и има одличен преглед на Битола.
Оттаму се гледа и цела Пелагонија, што само по себе е многу стратешко место. Пред некое време неколку битолчани поставија и параклис кај поранешниот олтар на Црквата.

Милевски иницијативата која ја имаше како советник во Советот, сега како министер започнува да ја реализира
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес затворање на Фестивалот на монодрама со доделување награди и претставата “Гидионовиот јазол“
- Денес, 10. седница на Советот на Општина Битола
- Во Битола сончево, температурата до 23 степени, од утре заладување
- Зоран Стојчевски е назначен за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026










