Деновиве е издадена новата песна на Тамара Стојковска, за која е израброен и видео спот.
Автор на ,,Не ме оставај” е Николче Мицевски – музика и аранжман, а текстот е дело на Весна Малинова. Песната е снимена во студио “XL Момироски“.
“Не ме оставај“ е четврта песна на Тамара, и е преплет од емоции и музички жанрови. И покрај својата суптилност и нежност, песната со себе носи бура од емоции.
Видеото кое ја дополнува музичката идеја е дело на Пеце Здравковски и Ѓорги Вацев.