Египетскиот клуб Замалек од Каиро ја откупи клаузулата од договорот на Карим Хендави, кој имаше потпишана соработка со Еурофарм Пелистер до јуни 2022 година. Хендави во Битола дојде во февруари годинава и настапи во вториот дел од сезоната 2021/22.
Еурофарм Пелистер е благодарен на професионалец како Хендави и му посакува многу успех во понатамошниот тек на кариерата.
Димитар Митревски, спортски директор на Еурофарм Пелистер за овој трансфер на голманите вели:
-Сакам да му се заблагодарам на Карим Хендави за професионалноста во периодот минат во нашиот клуб. Неговата желба беше останување во Битола и почитување на договорот и единствена грижа му беше недостатокот на едукација за неговите деца во нашиот град. Египетскиот гигант Замалек ја плати високата откупна клаузула и моравме веднаш да реагираме. Со ангажманот на Мартон Секељи доведовме искусен голман, репрезентативец и верувам дека ќе бидеме компетитивни на голманската позиција.










