Екипата на шаховскиот клуб “Стево Патако“ од Битола е новиот прволигаш за наредната шаховска сезона, откако во Охрид, на шаховскиот квалификационен турнир беше второпласиран.
-Шаховскиот клуб “Стево Патако“ од Битола се натпреваруваше во екипна конкуренција во првата полуфинална група. Нашите шахисти се изборија за финале, а по второто место беше обезбедено играње со најквалитетните македонски екипи, Алкалоид, Гамбит, Карпош, Прилеп и други, вели претседателот на ШК “Стево Патако“, Сашко Павловски.










