Press "Enter" to skip to content

Втората вечер на “Балкан Гала Фестивал“, македонските и пеачите од странство, придружувани од Камерниот оркестар, направија незаборавна вечер (фотогалерија)

Најтоплата вечер ова лето во Битола не ги спречи битолчани да уживаат во прекрасните песни на македонските пејачи, црнгорецот Сергеј Четковиќ и Хари Варешеновиќ од Босна и Херцеговина, секако придружувани од одличниот Камерен оркестар од Битола, под диригентство на  Владимир Димовски.Втората фестивалска вечер на “Балкан Гала Фестивал“ ја отвори македонската пејачка Мијата, а по неа следуваше битолчанецот Димитар Ангеловски кој изведе неколку песни со кои ја поткрена атмосферата.

Ѓоко Танески, Дарио и Елена Ристевска пееја нивни песни и други познати песни, во кои битолчани уживаа и заедно со нив ги пееја познатите музички рефрени.Сергеј Четковиќ позната музичка ѕвезда од Црна Гора кој долги години живее и работи во Белград, Србија беше и сам изненаден колку битолчани ги знаат неговите песни, за што ја пофали битолската публика.Но, на крај на концертот се појави и ѕвездата на втората фестивалска вечер Хари Варешановиќ, фронтмен на групата “Хари Мата Хари“ кој го доведе расположението и атмосферата до максимум, пеејќи песни кој на сите им беа познати, односно ги пееја заедно со него повеќе генерации на битолчани кои беа во Ракометното игралиште. Кулминација на вечерта беше изведбата на песната “Битола мој роден крај“ кој заедно ја испееја машките вокали кои настапија на концертот, Димитар, Ѓоко, Дарио и гостите Сергеј и Хари, а публиката не можеше ништо да направи освен да побара уште музика.Втората фестивалска вечер докажа дека Битола го има најдобриот Камерен оркестар, кој секоја година по неколку пати го радува битолчани со прекрасни концерти, било да се на отворено, во Хераклеја или на Ракометно или на затворено на сцената на Центарот за култура.Љубителите на музиката од Битола, искажаа посебна почит кон диригентот на Камерниот оркестар,  Владимир Димовски, кој со неговиот непосреден, но крајно професионален настап, ги собра симпатиите на сите кои кои синоќа беа на Ракометното игралиште.Останува уште третата фестивалска вечер, Електро Симфонија, в недела, на Ракометното игралиште, а ќе настапи специјален гостин, ди-џеј Terry Francis од Велика Британија, кој е прогласениот за најдобар ди -џеј, како и  Saso Recyd и Sonja Ismail. Ќе ги видиме и Маги Џанаварова (Бугарија), Love Itoya (Грција), Наде Талевска, Виктор Апостоловски, Дина Јовановска, Рената Кралевска, Мартина, Сара Гигова, Огнен Димовски и Стефанија Милевска, секако сите заедно придружувани од Камерниот Оркестар на Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »