И оваа година, поради протоколите за заштита од ковид-19, како и изминатата не се одигра традиционалниот турнир во мал фудбал, “Јовче Димовски – Начко“ кој традиционално се игра на спортските терени во ОУ “Даме Груев“ во населбата Јени Мале во Битола.
Клубот за мал фудбал Начко, кој се организатори на овој турнир во чест на нивниот прерано починат другар, организираа одигрување во негова чест на ревијален натпревар во мал фудбал помеѓу екипата на ветераните на Начко и екипа составена од повеќе генерации на фудбалери од населбата Јени Мале.
Инаку, до сега на терените во ОУ “Даме Груев“ на овој турнир играле поранешни фубалери на Пелистер, Митко Стојковски, Миле Димов, Сашо Здравевски, Зоран Штерјовски, Игор Момировски…, а организаторите се надеваат дека в година ќе имаат можност за организација на турнир со повеќе екипи.

Короната го спречи 7. по ред турнир “Јовче Димовски – Начко“, се одигра ревијален натпревар (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »
- Никола Митревски: вечерва е натпреварот кој го чекаме, подготвени сме за Логроњо
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)









