Press "Enter" to skip to content

Ординација “Д-р Чипуровски“: хепатални вени

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме болестите кои се откриват со најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат д-р Васил Чипуровски зборува за хепаталните или црнодробни вени, за што вели:

-Хепаталните или црнодробни вени претставуваат крвни садови кои се формираат од помалите вени во црниот дроб и ја транспортираат деоксигенираната крв од црнодробниот паренхим во инфериорна вена кава-IVC. Три се хепаталните вени десна, лева и медијална се прикажуваат на ехо на црниот дроб во субкостален кос пресек со дијаметар до 6 мм.

Во случаи на хронична  срцева слабост, пулмонален емболизам, констриктивен перикардитис често настанува стаза со застој на дренажа на крвта од црнодробниот паренхим преку хепаталните вени и развивање на хепатомегалија со хипоехогеност на црниот дроб  и дилатација на хепаталните вени над 6 мм како и лабораториски зголемени LDH, AST,ALT.

Лекувањето е најчесто етиолошко во зависност од причината.

ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓа на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“.