-Пред 10 години, во Битола, поточно во Старата битолска чершија се одржа 5. “Локум-фест“ што секоја година културно ја раздвижува Старата битолска чаршија, и ги потсетува битолчани на некои изминати времиња, без разлика дали се сеќаваат по убави или лоши работи по нив, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, кој потсети и на зборовите на организаторот дека со локум и кафе, нешта кои ги зближуваат луѓето се обидуваме да ја заживееме Старата чаршија, а е основан од Центарот за културна деконтаминација.
-5. “Локум фест“ свечено се отвори со концерт со автентична стара македонска музика на домашниот етно-состав “Љубојна“, како и гостите од Хрватска, познатата група “Афион“ кои како чувари на традицијата со старата песна чалгијата и традиционалната носија не потсетија на градската традиција по која Битола е ширум препознатлива, вели Миновски и додава:
-Во знакот на традицијата, а во рамките на Фестивалот, на неколку штандови во Чаршијата беа претставени оригинални и рачно изработени ракотворби на членовите од Здружението на македонски ракотворци од Битола.
Беа вклучени и претставниците од Занаетчиската комора од Битола кои преку поддршка на фестивалот се обидуваат да ги заживеат занаетите во Старата битолска чаршија.
Група битолчанки, предводени од Наташа, на кои многу и значи Битола и чаршијата и се она што ја прави Битола најградски град се потрудија и направија битолски препознатливи колачи, со кои ги послужија гостите и посетителите на “Локум фест“ и ги потсетија на конзулските времиња кога Битола беше центар на Балканот.
Голем број ракотворци на свои штандови беа на Фестивалот, како и членките од групата “Готвењето е уметност“ кои на посебен штанд ги промовираа традицоналните јадења од македонската кујна.
На Фестивалот уште учествуваа етно-составите “Сирма војвода“, “Свири чалгија“ и “Дамарите“, а на затворањето настапи големото име на чалгијата Селим Сеслер заедно со “Рамазан сеслер бенд“ од Турција, а се претставија и Тони Китановски и групата “Черкези“, како и Ибрахим Џингис со својот состав.

Деновиве пред 10 години: 5. издание на “Локум фест“ во Чаршијата во Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
- Започна првото издание на “Чкембе фест Битола 2026“, готвачи од Македонија, Турција и Унгарија утре ќе прават чкембе чорба (фотогалерија)
- Битола ја добива манифестацијата која и прилега “Чкембе фест“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Злато за Леа Бошеска и Сара Стојановска, бронза за Леона Алиловска во кик-бокс на “Трофеј на Белград“
- Општина Битола петта година по ред го организира Буџетскиот форум за креирањето на Буџетот, овој пат за 2027
- Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола









