Управата на фудбалскиот клуб Пелистер од Битола, денес го запази рокот за пријавување на минимален број на професионални фудбалери кои ќе играат за клубот во наредната прволигашка сезона 2021/22.
ФК Пелистер денес регистрира фудблери во Општинскиот фудбалски сојуз во Битола, а утре регистрациите ќе бидат потврдени и во стручните служби на Фудбалската федерација на Македонија, а со тоа е исполнет условит за играње во Прва лига.
Фудбалерите кои се пријавени да играат за Пелостер се дел од кои настапуваа за клубот минатата сезона, а дел се од младинскиот погон на клубот.
За вторник е закажана седница на Советот на Општина Битола со една точка на дневниот ред, а тоа е донесување на Одлука за дополнување на Одлуката за давање согласност на Договорот за доделување на финансиски средства на акционерските спортски друштва Бр.09-65/3 од 17.07.2020 година.










