Иако имаше дилеми дали, можеби најдобриот поединец во тимот на КК Пелистер, Игор Кесар, ќе остане во Битола или ќе се пресели во нов клуб, денес тоа е разрешено. Според Мери Ковачевска, претседател на клубот, денес е склучен договор за нова соработка со Игор Кесар. Српскиот интернационалец потпиша нов двегодишен договор, односно до 2023 година.
Покрај со Кесар од клубот сопштија и дека се завршени сите преговори и потврден е трансферот на американецот Тајлер Чиз, кој е поранешен член на италијански Тревизо и со кој КК Пелистер потпиша договор до 2022 година, а ќе игра на позиција 1 и 2.
Претходно договорот го продолжи Бобан Стајиќ, ново име во македонскиот прволигаш е Марјан Младеновиќ, а останува во клубот и капитенот Бојан Трајковски.










