Хрватската колонија во Битола е побогата за десното крило Јосип Божиќ Павлетиќ, кој дојде во Еурофарм Пелистер од бундеслигашот Гепингем. Тој ќе ја зголеми конкуренцијата на оваа позиција, каде веќе играат Радовиќ и Костески. 26-годишниот сплиќанец со оптимизам гледа на својот нов почеток, во средина во која уште се неговите сонародници Мандалиниќ, Мараш, Кушан и тренерот Бабиќ.
-Повикот на Бабиќ дојде случајно. Доаѓањето во овој клуб го гледам како напредок во мојата кариера. Клубот е амбициозен, расте секоја година и мислам дека ги имаме сите предуслови за одлична сезона. Кратка беше моја пауза. Бундеслигата траеше скоро до први август. Но, не се жалам. Професионалец сум и одиме понатаму. Ни следат многу натпревари, ќе има минутажа за секого. Мораме да размислуваме натпревар по натпревар, против секого да играме на победа, па ќе видиме каде ќе дојдеме.

Јосип Божиќ-Павлетиќ: Доаѓањето во овој клуб за мене е напредок во кариерата
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »
- Никола Митревски: вечерва е натпреварот кој го чекаме, подготвени сме за Логроњо
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)









