Press "Enter" to skip to content

“Пелистерци“ стартуваа со натпревари во Маврово, пријателска на братските екипи од Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 30:22 (13:12)

Спортска сала во Маврово
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски (Скопје)

Еурофарм Пелистер: Секељи (5 одбрани), Кизиќ (4 одбрани), Ивановски, Радовиќ, Божиќ Павлетиќ 6, Костески 3, Мараш 1, Периќ 5, Табоада 4, Мандалиниќ 2, Обрадовиќ 2, Граџан 2, Маркоски 1, Кушан, Ојлески 4, Маџовски, Кукуловски

Седмерци: 5/2 Исклучувања: 4 минутиЕурофарм Пелистер 2: Трајковски (5 одбрани), Б. Ристевски, И. Димитровски 2, Кузманоски 6, Димитриески, Талевски 2, В. Димитровски 1, Арсеновски 1, Стоилевски, Ѓукиќ 4, Буторац, Блажевски. Х. Ристевски, Мирчевски, Андонов, Табакоски 3, Белистојановски, Петковски, Петровиќ 3

Седмерци: 5/4, Исклучувања: 4 минути Двете екипи од Битола, екипите на Еурофарм Работик и Еурофарм Раборник 2 попладнево во спортската сала во Маврово ја отворија сезоната на пријателски контролни натпревари, играјќи меѓусебе. Поискусните победија во меѓусебниот дуел со +12, 32:22, полувреме 13:12.По топло време во салата во Маврово, по првото полувреме, кое беше за испитување на силите и навикнување на играчкиот ритам, екипата на Еурофарм Пелистер, се наметна во играта и не дозволи изненадување.На стартот на второто полувреме беше направена и разликата во голови, на +7, а потоа иако имаше многу измени и проверка на ракометарите, подолгата клупа на Еурофарм Пелистер дојде до израз.Одлични изданија во двата тима запишаа новајлиите, посебно Јосип Божиќ Павлетиќ со шест реализации од исто толку обиди во првиот дел.Еурофарм Пелистер настапи без Кукоски, Велковски и Танкоски, а за Еурофарм Пелистер 2 не играа кадетските репрезентативци Петар и Павле Атанасијевиќ, Митревски и Јовановски. Еурофарм Пелистер следната недела ќе тестира со Металург во Маврово, а Еурофарм Пелистер 2 ќе се соочи со Прилеп. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »