Вардар – Еурофарм Пелистер 22:31 (14:14)
Иако екипата на Вардар беше фаворит на хартија за Супер купот, кој вечерва се играше во Скопје, екипата на Еурофарм Пелистер е победник на теренот во “Борис Трејковски“ иако влезе како второпласиран во Купот, а ракометарите го носат пехарот во Битола.
Овој Супер куп е за Еурофарм Пелистер опрва домашна титула откако се припоија двата битолски клуба, или прв трофеј по 16 години, од 2005 година.
“Пелистерци“ до победа дојдоа со добра игра, посебно во вториот дел, а натреварот започна со водство на Вардар, 5:3, а потоа 7:4, и 9-6. Потоа следуваа одлични минути на битолчнаи, кои дојдоа до 11:11, а со реми 14:14 заврши првото полувреме.
На стартот на второто полувреме беше 16:16, а потоа следуваа три гола за 16:19, а по одбраните на Секели, вкупно пет, беше 16:20. Во средината на вториот дел беше 18:24 за Еурофарм Пелистер, а потоа и 20:24, а потоа се беше рутина до крајот за 22:31 и освојување на Супер купот.
Најефикасен кај битолчани Мандалиниќ со шест гола, пред Јосип Периќ со пет, а Мартон Секељи имаше 12 одбрани.










