Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: отворена приватната болница “Плодност“, гордост на Битола и битолчани (фото)

-Кога се зборува за настани кои веќе се случиле, посебна радост е да се потсетите и да пренесете нешто што е многу значајно за градот и неговите жители, а овој пат ќе потсетам за нешто што и сега по 10 години е гордост на Битола и битолчани, а секако и за сопствениците. Тоа е првата приватна болница во Битола, “Плодност“, која свечено е отворена на 17 август 2011 година, а болницата не само што ги  оправда очекувањата, туку и ги подигна стандардите во здравството на многу повисоко ниво, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.-Првата приватна болница “Плодност“, сопственост на познатиот гинеколог прим. д-р Таше Трпчевски по својот архитектонски изглед и по опременоста на амбулантите, собите за родилките, операционите сали и салите за интензивна нега, беше последен збор на медицината и една од најдобро опремените приватни болници не само во Македонија, туку и во регионот, а според тоа дека Трпчевски и неговиот тим продолжуваат да вложуваат во опремата и кадарот се уште го има тој епитет.Болницата “Плодност“ со над 2.500 м2, има амбуланти за прегледи, најсовремена лабораторија, соби за пациентите, од кои сите се еднокреветни, неколку амбуланти за рутински прегледи, како и дневна болница за пациентите, соби од апартмански тип, две супер модерни сали за породување, кои се опремени со најсовремени столови, кои имаат и масажери преку кои може и да се стимулира породувањето, како и када каде се извршува  така наречено “водно породување“.-Ова е огромна инвестиција која што се состои не само од градежни средства и мебел и од најсовремена апаратура и инструменти, а тука се и специјалистите, лекарите, мединските сестри и другиот персонал, што е гаранција дека ние ќе бидеме лидери, не само сега туку и во иднина, ќе рече д-р Трпчевски, тогаш на отворањето на болницата.-А, дека популарниот д-р Таше си достои на зборот дека ќе бидат лидери и во иднина, зборуваат големиот број на породувања, големиот број на ин витро оплодувања, големиот број на хируршки интервенции изведени по најнови методи и со најсовремени апарати, ни останува само да му посакаме тој и негивиот тим да бидат лидери уште долги години, а според ентузијазмот како работат нема сомневање за тоа, вели Миновски.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »