Македонската репрезентација во куглање заминува за Словенија на Светското првентво во куглање, за натпреварувачки до 18 години. Репрезентацијата е составена од кугларки од Битола, а ова ќе биде воедно и битолска репрезентација, а и селекторот, нивниот тренер е од Битола.
На последниот тренинг кој го имаа во новата куглана во спортската сала во Битола, репрезентативките и нивниот тренер Игор Михајловски ги посети градоначалничката Наташа Петровска, при што им посака многу успеси во тамошните натпревари.
Девојките, заедно со тренерот Игор Михајловски, изразија посебна благодарност до градоначалничката Петровска за создадените услови за тренинг и поддршката која ја добиваат од општината, а тоа го напишаа и на електронките табли во кугланата, а и додадоа “Со љубов за Битола“.

Македонската кугларска репрезентација, до 18 години, на Светско само со битолчанки (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »
- Никола Митревски: вечерва е натпреварот кој го чекаме, подготвени сме за Логроњо
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)









