Press "Enter" to skip to content

Симона Стојковска со прва самостојна изложба “Шепотот на мојата душа“ (фотогалерија)

Деновиве во “Магазата“ во Битола беше отворена прва самостојна изложба на Симона Стојкобвска од Битола, насловена како “Шепотот на мојата душа“. Изложбата ја отвори м-р Гордана Димитријевиќ – Лазаревска, познат културен работник од Битола, која на отворањето рече:-Симона е лице со оштетен вид и за прв пат почна да слика пред година и половина во време кога започна да се шири вирусот ковод-19. Фасцинира фактот што таа вложува многу труд во сликањето кој е немерлив и неспоредлив со ничиј друг. Исто така и краткиот временски период во кој успеа да создаде една бројка на дела која не е занемарлива, како и возраста на која  го изнесе на површина нејзиниот талент кој тлеел во неа уште од детството. Во нејзините дела е вложено  многу труд и емоции, за што зборува и насловот на изложбата.Сликите кои се изложени во “Магазата“ воодушевуват, нејзините пејзажи, прекрасни цвеќиња, ликови на жени и девојки, сцени со најблагородните животни, коњи, лебеди, птици… го привлекуваат вниманието на сите.За сликите Симона само кратко кажа: моите слики, тоа сум самата јас, а додаде дека е среќна бидејќи нејзините слики се изложени во изложбен простор, а и поради тоа што ги видоа голам број на битолчани, од кои доби само пофални зборови.Симона, како за неа зворуваат луѓето около неа, таа е личност кај која нема падови, туку само растежи, која успева тешките моменти да ги претвори во нови видици и можности и жена од која треба да се учи. Ја охрабруваме и натаму да твори и да не почести со нови дела.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »