Press "Enter" to skip to content

Победа на Еурофарм Пелистер во братското дерби, по подолго време публика на трибините

Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 29:24 (13:10)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола. Гледачи: 800
Судии: Методија и Михајло Илиевски (Битола)

Еурофарм Пелистер: Кизиќ, Секељи, Мараш, Ојлески 2, Маркоски, Маџовски 2, Кукуловски 1, Мандалиниќ 5, Кушан 2, Периќ 3, Кукоски, Костески 2, Велковски 2, Божиќ Павлетиќ 5, Обрадовиќ 5, Табоада

Еурофарм Пелистер 2: Трајкоски, Ристевски, Јовановски, Кузманоски 3, Пет. Атанасијевиќ 3, В. Димитровски 2, Митревски 1, Петровиќ 4, Андонов, Димитриески 1, Пет. Атанасијевиќ, Ѓорговски 3, Ѓукиќ 1, Блажевски 2, Арсеновски 2, Мирчевски 2.Градско, братско дерби на почеток на новата ракометна сезона во Битола, плус на тоа и публика по подолго време во салата “Боро Чурлевски“. Во натпревар од првото коло на Суперлигата, Еурофарм Пелистер го победи Еурофарм Пелистер 2 со резултат 29:24 (13:10).

На стартот на натпреварот Еурофарм Пелистер брзо се одлепи на 3-4 гола разлика, која ја одржуваше до 20. минута.  Потоа, настапи криза во играта на Еурофарм Пелистер и се дојде до разлика од -1 (10:9. На крај првото полувреме со +3 за фаворитете.

Вториот дел започна со поефикасна игра во напад на двете екипи и само +2 за екипата на Бабиќ беше на срединбата на второто полувреме. На десет минути пред крајот номинално домаќинот се одлепи на највисоки +6 и без проблеми го приведе натпреварот кон крај со победа од 29:24.

Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Мандалиниќ, Божиќ Павлетиќ и Обрадовиќ со по пет гола, додека во таборот на Еурофарм Пелистер 2 се истакна Петровиќ со четири погодоци. Во следното второ коло, кое се игра в среда, Еурофарм Пелистер гостува во Кавадарци, а Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен ќе го пречека Бутел.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »