Press "Enter" to skip to content

Прва победа на Еурофарм Пелистер 2 во второто коло (фото)

Еурофарм Пелистер 2 – Бутел Скопје 30:27 (17:15)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола, гледачи: 800

Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски (Скопје)

Еурофарм Пелистер 2: Ристевски, Трајкоски, Кузманоски 6, Петкоски, Пав. Атанасијевиќ 7, В. Димитровски 1, Митревски, Мирчевски, Петровиќ 2, Димитриоски 2, Талевски, Пет. Атанасијевиќ, Ѓорѓоски 4, Ѓукиќ 6, Блажевски, Арсеновски 2

Бутел Скопје: Андреевски, Чаневски, Младеновски, Стојановски, Ѓеорѓиевски 1, Митев, Бој. Спасовски, Мојсоски 10, Бој. Спасовски, Блажевски, Јефтиќ 4, Василевски, Мајиќ 5, Тот 5, Давитковски, Пуљизовиќ 2.Во Битола во високо квалитетен  натпревар Еурофарм Пелистер 2 го победи Бутел со 30:27, полувреме 17:15, а тоа прва победа во оваа ракометна сезона. Дуелот започна изедначено, но одличниот Чаневски на голот со своите одбрани придонесе за 4:6. Арсеновски и Ѓукиќ се разиграа и во 22. минута битолчани го свртеа резултатот 14:11, за на одмор да се отиде со 17:15. На стартот на вториот дел и Бутел стигна до израмнување, а потоа  кадетските репрезентатативци Павле Атанасијевиќ и Емилијан Ѓоргоски и во 42. минута “пелистерци“ поведоа со 24:20, а потоа и израмнување 24:24. Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски го зададоа последниот удар за победа од 30:27.

Најефикасни кај Еурофарм Пелистер 2 беа Павле Атанасијевиќ со седум и Цветан Кузманоски и Милан Ѓукиќ со по шест гола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »