Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со убедлива победа над Струга пред дербито пред Вардар (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Струга 45:20 (22:11)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола Гледачи: 300
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски (Скопје)

Еурофарм Пелистер: Секељи, Кизиќ, Мараш 2, Ојлески 4, Н. Маркоски 4, Кукуловски 1, Мандалиниќ 6, Кушан 5, Радовиќ 1, Танкоски 2, Периќ 1, Костески 5, Кукоски, Велковски, Божиќ Павлетиќ 8, Табоада 6

Струга: Матовиќ, П. Маркоски 1, Јанкоски 2, Крстаноски, Пајкоски 4, Блажески 2, Ѓорѓиевски, Јанкуловски 3, Ферукоски 1, Табаковски 1,  Стрезоски, Дукоски 5, Кастратовиќ 1, Костоски .Трета победа за ракометарите на Еурофарм Пелистер во третото коло од Супер ракометната лига во Битола, над екипата на Струга, а претходно “пелистерци“ ги победија Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш. Екипата на Струга ја победија Струга со 45:20, полувреме 22:11.Екипата на Еурофарм Пелистер натпреварот го започна со шаренолик состав и нови стартети на надворешните позиции беа Табоада, Танкоски и Велковски. Првите десетина минути беа израмнети, а потоа цврстата одбрана на домашната екипа донесе лесни голови на Табоада, Костески и Танкоски за високи +6 на половина од првиот дел, а на одмор се замина со високи +11 (22:11). На почетокот од вториот дел продолжија да ја зголемуваат предноста, а на средина од второто полувреме беше  33:16. Со одличен финиш на фаворитот го приведе натпреварот кон крај, со победа од 45:20. Најефикасни во домашната екипа беа Божиќ Павлетиќ со осум и Мандалиниќ и Табоада со по шест гола.Веќе следниот викенд следи првото соочување на кандидатите за титулата, Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер, а дуелот ќе се одигра во СЦ “Јане Сандански“ во Скопје.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »