Press "Enter" to skip to content

Жребката одлучи Пелистер-МЗТ на стартот на кошаркарската сезона

Во просториите на Кошаркарската федерација беше извршена ждрепката за новата сезона во Првата лига, поточно беа избрани натпреварувачките броеви за сезоната 2021/2022, а екипата на Пелистер ја добир бројката 3. 

Согласно со Бергеровиот систем за 12-те екипи-учесници во натпреварувањето, во првото првенствено коло од Првата лига-мажи ќе се сретнат во Битола, на 2 или 3 октомври, за кога е закажан и стартот на сезоната, екипата на Пелистер ќе биде домаќин на МЗТ Скопје Аеродром.

Според засилувањата кои оваа година дојдоа во Битола во тимот на Марјан Илиевски, екипата на Пелистер, според многумина познавачи на кошарката, е фаворит за освојување на титула, а тоа “пелистерци“ можат да го потврдат и докажат на првиот натпревар.

 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »