Синоќа во винаријата “Чифлик“ во Битола, со концертот на The Balguns, музички состав од Солун, Грција, заврши проектот на Младинскиот културен центар од Битола, Меѓународниот музички дијалог.
За проектот и за концертот на гостите од Солун, Сашо Додовски од МКЦ Битола рече:
-Меѓународниот музички дијалог е инспириран од потребата за јакнење на чувството за општествените вредности кои и ќе ги промовираат интеркултурниот дијалог и Европските вредности. Го завршуваме дијалогот со концертот на “The Balguns“, oдличен музички состав од Солун, Грција кој го расплети својот модерен стил и звук користејќи уникатни парчиња од џез, реге, фанк, ска и рокенрол. Интересна комбинација на “музика од светот“ која оди по Балканските патеки.
Преку овој нов пристап МКЦ Битола ги презентира културните, општествените и човечките вредности и трендови преку музика. Оваа програма ги обединува уметниците од различни локации од Европа, со различни афинитети, интереси и професионална определба да споделат свои ставови, искуства, вредности користејќи креативни методолошки алатки.
[ngg src=”galleries” ids=”781″ exclusions=”8238″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]










