Press "Enter" to skip to content

Димитар Симовски – Рашката без ниту една грешка стигна до пехарот во “Б“ лигата

Третиот мастерс во “Б“ квалитетната лига во американски пул билјард кој се одржа во “Гран клуб“во  Скопје повторно помина потполна доминација на битолските играчи.

Настапи победникот на минатиот мастерс, Тони Петровски, кој под притисокот на фаворитската улога малку попушти и не изигра на потребното ниво, но сепак останува на место кое гарантира учество догодина во елитата.

Овогодишниот дебитант, Златко Ицановски, потсети на старите времиња и сигурно стигна во финалето каде налета на Димитар Симовски кој како виор ја издува конкуренцијата за да во последниот меч ја покаже целата сила и моќ во игра без ниту една грешка да стигне до пехарот.

Со досегашниве турнири  уште еднаш се покажа дека битолските играчи го има вистинскиот рецепт за лансирање на млади ѕвезди на македонското билјардско небо. Одамна се нема случено ваква доминација на еден турнир во секоја смисла на билјардската игра во делот на разбивање, поставеност на масата, прецизност, позиционирање на белата топка и сите елементи кои што ја красат оваа аристократска игра.

Со надеж дека наредниот мастерс на кој исто така ќе се игра дисциплина “мултибол“  ќе се одржи на домашен терен, битолчани ќе бидат застапени со минимум десетина играчи.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »