Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 со победа над Металург се враќа во Битола

Металург – Еурофарм Пелистер 2  28:29 (17:16)

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 се враќа со победа во Битола, откако го победи тимот на Металург на тешкото гостување во Автокоманда, откако во клучен момент направи разлика за неизвесно надигрување во завршницата. Ако по првото полувреме Металург имаше гол предност, на крајот Еурофарм Пелистер 2 победи со гол разлика, 28:29.

Првото полувреме започна со многу голови, а ниту еден од ривалите не успеа да се одлепи, но сепак по 30 минути тимот на Иве Марковски имаше стекна еден гол предност 17:16.Второро полувреме донесе на стартот добра игра на младите “пелистерци“ кои заполнаа играат полетно и стекнаа прва предност. Меѓутоа домашната екипа не дозволи финиш без неизвесност. Многу брзо направи серија и одново се врати на егал. До крајот се играше гол за гол, а поуспешни беа битолчани, за голем триумф во третото коло.

Цветан Кузмановски постигна осум, а Милан Џукиќ и Павле Петровиќ завршија со по пет гола. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »