Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Цапаро по подолго време на трибините под Тумбекафе

Познатото фудбалско име во Битола, Драган Канатларовски – Цапар, сега како селектор на македонската репрезентација во младински категории до 21 годинa, попладнево беше на трибините на стадионот под Тумбекафе, каде го следеше натпреварот Пелистер – Академија Пандев.

На трибините беше заедно со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Златко Талевски и директорот на ФК Пелистер – Пеце Коруновски.

Кога се работи за таленти,  за селектирање на млади фудбалери до 21 годинa, сите прокоментираа дека е на вистинско место, бидејќи ФК Пелистер и Битола се расадник на таленти, а тоа се покажа и на денешната средба. Bо тимот играа фудбалери кои годинава дојдоа од младинскиот погон.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »