Press "Enter" to skip to content

Битола домаќин на најдобрите во “10-ка“ – “амерички пул билјард“

По подолго време Битола повторно беше домаќин на Државно првенство во “амерички пул билјард“, а се играше дисциплина “10-ка“. Иако не е практика сите играчи беа дојдени ден порано и притоа покажувајќи почит кон организаторот кој, целиот натпреавр го организира на високо ниво, за пто доби пофалки од сите учесници на натпреварот.

Битолските играчи веројатно изгореа во желбата да се докажат на домашен терен, а шансата да избие на првото место Илче Трајковски ја пропушти во мечот со Дарко Ацески кој со учеството во финалето по се изгледа го потврди освојувањето на овогодинешното првенство.Тале Самарџиоски од Прилеп и Дејан Сипковски беа сопрени во полуфиналето, а сите почести за младиот и талентиран Флорим Мемеди од Тетово кој без пораз го освои овој мастерс и го претрка Трајковски на табелата заземајќи го второто место во генералниот пласман.

Коректната публика знаеше сето тоа да го поздрави со чести и долготрајни аплаузи.

More from СпортMore posts in Спорт »