Press "Enter" to skip to content

Вечер свечено затворање и доделување на наградите на ИФФК “Браќа Манаки“

Со доделувањето на фестивалските награди, вечерва во Центарот за култура во Битола, со почеток во 20 часот, свечено ќе биде затворено 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

Одлуката за награди ја донесе жирито во состав: Филип Бергсон, Вим Ванакер, Суки Меденчевиќ, Соња Просенц и Димо Попов, а дизајнер на наградите е Димитар Филиповски.

Изминативе денови публиката можеше да погледне десет долгометражни и десет кратки филмови, но и да ужива во богатата понуда на Оф програмата.

На последниот ден од Фестивалот ќе биде прикажан филмот „Титаниум“, во режија на Џулија Дукурно, кинематографер-Рубен Импенс.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »