Во градскиот парк во Битола денес во организација на Сојузот за училишен спорт од Битола, Центарот за јавно здравје и Црвен крст Битола, се одржа традиционалниот есенски атлетски крос.
Кросот традиционално се одржува по повод Европската недела на спортот, а на него учествуваат ученици од основните и средните училишта во Битола.
Оваа година екипен победник во основните училишта е ОУ “Гоце Делчев“, а во средните училишта Гимназијата “Јосип Броз Тито“.
Претседателот на Сојузот за училишен спорт Михајло Трампевски за овој есенски крос рече:
-Д0бро е што продолживме со традицијата да организираме есенски атлетски мото крос, заедно со Црвен крст и Центарот за јавно здравје. Поради мерките кои се поради заштита од ковид пандемијата бројот на учесници беше ограничен, но пак ќе повторам дека јас и сите професори по физичко воспитани сме среќни поради одржувањето на есенскиот крос.

ОУ “Гоце Делчев“ и Горната Гимназија екипни победници на есенскиот крос (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Никола Митревски: вечерва е натпреварот кој го чекаме, подготвени сме за Логроњо
- Градоначалникот Коњановски во посета на Будва
- Смеј се, не е смешно (фото)
- Во Битола променливо облачно, температурата до 23 степени
- Инвестиција од 46 милиони евра во хидроелектраните на АД ЕСМ: Модернизацијата на опремата ќе донесе зголемено домашно производство и приходи од најмалку пет милион евра годишно
More from СпортMore posts in Спорт »
- Никола Митревски: вечерва е натпреварот кој го чекаме, подготвени сме за Логроњо
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)









