Press "Enter" to skip to content

“Запознај, види, направи!” (Meet, See, Do!) – Седма музејска годишна конференција

Балканска музејска мрежа и Музеј на македонска борба, Скопје организираа конференција на тема: “За што се музеите? Назад кон основите!”

Д-р Ирена Ружин, член на Управниот одбор на Балканска музејска мрежа и менаџер на конференцијата,за Bitolanews, го истакна своето задоволство за успешната конференција, која беше пренесувана во живо, изрази благодарност до Министерството за култура и Балканска музејска мрежа за поддршката и секако на домаќините Музеј на македонска борба во Скопје. Таа истакна дека целта да се слушнат стручни и корисни предавања, учеството во работилници но и да се креираат нови партнерства за идни проекти беше исполнета.-Радува фактот што на конференцијата беа присутни искусни и компететни колеги предавачи но соограничен број учесници, пријатели од Балканот, кои на важни теми ги споделија своите вредни искуства изаминаа со прекрасни впечатоци. Од огромна важност беше и присуството на Лиса Бакстер од Кралството на Велика Британија, која останува во контакт со сите нас за понатамошни насоки и совети за подобрување на искуството на посетителите во музеите, рече Ружин.
Директорката на Музејот Даниела Николова, во своето обраќање при отварањето на конференцијата го истакна задоволството за одржувањето на конференцијата и додаде:

-Музејот на македонска борба со крупни чекори оди напред, кон исполнување на својата визија, напредува во сите сфери на основната дејност, посветувајќи големо внимание на оние за кои постоиме- посетителите.Седмата конференција во Скопје е реалност, со поддршка од Министерството за култура кое ја препозна важноста на оваа конференција и секако со поддршка од Балканска музејска мрежа. Нашиот музеј со големо задоволство широко ги отвори вратите за музејските стручни лица и колегите од регионот.Во наредните денови, предавачите со својата тесна специјалност од нивната работа со или во музеите ќе ни отвараат нови видици, ќе не инспирираат, ќе споделат свое искуство и ќе не вратат на основното. Ќе дадат одговор на прашањето за кого се музеите?”Посакувајќи срдечно добредојде во Скопје, успешна и продуктивна работа Министерката за култура Д-р Ирена Стефоска изјави:

-Темата на овој еминентен собир, „За што се музеите? Назад кон основите“, се одвива под маски и со дистанца. Слика од нашето постковидно секојдневје, на кое, за жал, се навикнавме, а кое директно ги засега музеите. Гласниот крик на стручната јавност што се слуша од вашата конференција „Запознај, види, направи!“ е потсетување за неопходноста од враќање во реалноста. Во нашето нормално секојдневје. Доста беа празни објекти, потребно е да се вратиме, да се свртиме кон културата, кон науката, кон истражувањето. Ваквите времиња, полни со предизвици и неизвесност, уште повеќе ги засилуваат пријателските балкански комуникации.Затоа, уверена сум дека заеднички, преку Балканската музејска мрежа која интензивно ја унапредувате, ќе имаме успешни решенија за брзо преобмислување на музеите и создавање клима за позитивно менување на лицето на регионот.


“Државите имаат суштинска улога да ги поддржат музеите во овој тежок период преку амбициозна културна политика, не само да го гарантираат нивниот опстанок туку и да ги подготват за иднината“, беше пораката на УНЕСКО по повод Меѓународниот ден на музеите. Верувам дека сите работиме за оваа цел. Музеите да не бидат само чувари туку и репрезенти на нашата култура и традиција. Да бидат дел од развојот на државата, а токму музејските работници да бидат движечката сила на овие промени.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »