Press "Enter" to skip to content

Фирмата “Спорт Бит“ е нов сопственик на ФК Пелистер, “Чкембарите“ добија 10% од акциите

Денес и официјално беше извршена купопроражбата на акциите на ФК Пелисер од Битола, а новата фирма “Спорт Бит“ е нов сопственик на 75 проценти од акциите на клубот, а како и што им беше ветено, “Чкембари“ Битола, се сопственици на 10% од акциите.

Пеце Коруновски, директор на ФК Пелистер по завршувњето на сите правни работи околи купопродажбата на акциите на клубот и по потпишувањето на договорот со “Чкембари“ Битола рече:-Чест и задоволство ми е денес да соопштам дека фирмата “Спорт Бит“ е новиот сопственик на 75% од акциите на фудбалскиот клуб Пелистер. Со ова се исполнува ветувањето за стабилизирање и развој на клубот. На сите во клубот денес им се исплатени заостанати плати. Во брза иднина ќе се формира нова управувачка структура на ФК Пелистер, која во иднина ќе го води клубот кон поголеми дострели, како на македонската, така и на европската сцена. Наша прва цел ќе биде оваа година да го стабилизираме клубот и да обезбедиме финансиска стабилност на истиот и да обезбедиме сигурен опстанок во Првата македонска фудбалска лига, а за 10% кои сега се веќе сопственост на навивачката група додаде:-За првпат во историјата на битолскиот спорт навивачката група “Чкембари“ денес официјално ги добива ветените 10% од акциите. Со ова гласот на “Чкембарите“ ќе се слуша и во управувањето на клубот.