Press "Enter" to skip to content

На три часа по изборите Пеце Милевски прогласи победа на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

По три часа од затворањето на избирачките места, прес конфетенција одржа Пеце Милевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата за советници за Советот на опптина Битола, на која рече:

-Почитувани битолчани, Битола и битолчани, кажаа да за промени, да за проекти да за победа на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник Тони Коњановски. Битола знае да препознае промена вистински квалитет, наспроти неработење и безидејност, а битолчани се одважија и се спротивставија на сите притисоци, нечесни игри, обидите за поткуп од страна на власта и гласно кажаа не. Победуваме насекаде. Од Нова Битола до Горно Оризари, од центарот на градот до Баир и Јени Маале. Од вкупно 170 избирачки места се обработени 68, а нашиот градоначалник води со 8.000 гласови наспроти 6.000 гласови, и им се заблагодари на битолчани.

-Им се заблагодаруваме на сите граѓани што се одважија и ја дадоа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, а ВМРО-ДПМНЕ ќе биде ефективна, ефикасна и одговорна локална самоуправа, вистински јавен сервис.

More from ВестиMore posts in Вести »