Press "Enter" to skip to content

Во Битола втор круг на изборите, Коњановски и Кондовски во трка за градоначалник

Неофицијално според партпаролот на СДСМ во Битола, Дејан Србиновски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски е во водство пред кандидатот на СДСМ Христо Кондовски и во Битола ќе има втор круг.ж

Според податоци од обработени помалку од половина од избирачките места нашиот кандидат е изедначен со противкандидатот од најголемата опозициска партија. Очигледно во Битола ќе имаме втор круг и за две недели градот ќе го добие вистинскиот градоначалник, а тоа ќе биде Христо Кондовски, рече Србиновски, а за тоа кој ќе има колку советници во Советот додаде:

-За советници ситуацијата е уште понејасна, односно има уште поизрамета трка за двете најголеми партии во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »