Press "Enter" to skip to content

Костески: Битола го сака и знае ракометот, публиката ќе ни биде осми играч

Првиот меѓународен натпревар во оваа ракометна сезона екипата на Еурофарм Пелистер ќе го одигра вечерва во Битола, во салата “Боро Чурлевски“ со почеток од 20:45 часот, а се очекува да се игра во одлична атмосфера со многу навивачи на трибините.

Ненад Костески за очекувањата од вечерашниот натпревар на денот на натпреварот, против еден од фаворитите за првото место во групата, вели дека “пелистерци“ ќе се борат, а ја повика и публиката да биде нивни осми играч.

-Секоја екипа од Германија или Франција е голем предизвик за нас. Точно знаеме каква екипа е Ним. Оваа седмица се подготвувавме напорно за нив и знаеме со каков ривал ќе играме. Очекувам добар и цврст натпревар. Се враќа и публиката во Битола, ги поканувам да нè поддржат во поголем број. Знам каква е битолската публика, живее за ракометот и се надеваме дека ќе бидат во голема бројка за да биде наш осми играч.  Ним е фаворит во оваа група, ќе биде навистина тешко. Тие имаат добар проток на топка, многу се брзи. Знаеме каква е француската лига и каков е концептот. Сепак, не треба да се предаваме и мора да одиме цврсто, па да покажеме каква екипа сме и дека имаме голема вредност.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »