Press "Enter" to skip to content

За прв пат фан-зона пред “спортската“, битолчани се загреваа за натпреварот (фотогалерија)

За прв пат во Битола се организираше фан-зона, која беше поставена пред спортската сала во Битола, тоа е нов проектот на Еурофарм Пелистер, кој ги следи европските стандарди за комплетна организација на натпреварите. Битолчани го искористија прекрасното време и попладнево се упатија кон градскиот парк и во сегментот пред спортската сала “Боро Чурлевски“, а тоа се покажа како полн погодок. Со ладно пиво, навивачки песни, клупски обележја и многу зелена боја со часови пред натпреварот се “билдаше“ атмосферата пред европското деби.Видлив е и големиот број млади навивачи на Еурофарм Пелистер, кои имаат многу забава во ова импровизирано катче пред спортската сала.Присуството на актуелни и поранешни ракометари на клубот, само ја подигна атмосферата и сите го чекаат почекаа натпреварот од првото коло во групата “Д“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »