Press "Enter" to skip to content

“РомАБЦ“ за западен Балкан, последен партнерски состанок (фото)

Проектот „РомАБЦ за Западен Балкан“ полека доаѓа до својот крај, а од 15 до 18 октомври 2021 година во Битола, партнерите се сретнаа за последниот партнерски состанок, а за време на овој состанок се дискутираше финалната верзија на наставната програма и прирачникот како интелектуални резултати, нивното печатење и добивање на ISBN број, преглед на иновацијата – ново напишаните вежби кои ќе бидат додадени како анекс на прирачникот и за сертификатот којшто ќе им биде даден на возрасните ученици кои ќе го посетат курсот.Исто така  беа разгледани резултатите и извештајот од имплементирањето на тест фазата, резултатите од ФЕР мрежата во Србија и Мрежата за основно образование во Северна Македонија, верификацијата на курсот, како и за подготовката на крајниот извештај и преглед на потребните документи вклучувајќи ги и крајните финансиски процедури.Мониторинг, евалуација на состанокот и крајна евалуација на проектот исто така беа направени. Проектот е   финансиран од Европската комисија преку програмата Еразмус +. Проектот започна во септември 2019 година и ќе трае до крајот на 2021 година. Партнери на проектот се организации и училишта од Србија, Северна Македонија, Унгарија и Германија. Координатор на проектот е училиште за основно образование и образование на возрасни “Бранко Пешиќ“ од Србија.

Состанокот исто така беше регистриран како дел од “ЕразмусДенови“ кои се одржаа од 14 – 16 октомври 2021 година.