Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер попладнево патува за Швајцарија, Божиќ Павлетиќ, ќе дадеме сè од себе

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола попладнево ќе отпатуваат за Швајцарија каде ќе го играат вториот натпревар од Европската ракометна лига, односно ќе гостуваат кај Кадетен Шафхаузен. Јосип Божиќ Павлетиќ ја почувствува атмосферата во Битола  на првиот натпреавар, и вели дека му е жал што не остварија добар резултат уште со Ним, а тоа е уште поголема обврска да одиграат добро во ова второ коло.

-Сигурно дека очекувавме многу подобар натпревар пред нашите навивачи, тоа ми е најмногу жал, што не се покажавме во подобро светло. Но, еве, нова недела, нов натпревар. И тие загубија во првото коло, па ќе бараат бодови како и ние. Одиме во Швајцарија за да дадеме сè од себе, да се покажеме во подобро светло и ако има можност да освоиме и бодови, вели Божиќ Павлетиќ, а за Кадетен има добри зборови, го истакна средниот бек Јонас Шелкер, иако во тимот одлично функционира и добриот познаник на македонската публика, Жоан Кањелјас.

-Сигурно дека ќе биде нов тежок натпревар. Очекувавме подобра игра пред навивачите на првиот меч. Сигурно и тие ќе бркаат бодови како и ние. Ние одиме да дадеме сè од себе и ако има прилика да освоиме бодови. Кадетен е најсилен на бековските позиции. Гледавме натпревари изминатите неколку дена. Нашата одбрана мора да биде на ниво против средниот бек. Мора да даваме и лесни голови. Ако одиграме како што се договоривме, мислам дека нашите шанси се добри.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »