Press "Enter" to skip to content

Заменик амбасадорот на Кралството Шпанија во посета на библиотеката

Заменик амбасадорот на Кралството Шпанија, Ернесто Ередеро дел Кампо ја посети НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола, каде директорот м-р Бојан Стефановски и м-р Јелена Петровска – програмски раководител, го запознаа гостинот со тековните и развојните планови на библиотеката.

На состанокот се разговараше за можностите за соработка на полето на културата и библиотечната дејност, како и за доближување на културите на двата народа преку меѓусебни размени на содржини од областа на културното наследство. Беа посочени конструктивни идеи и мислења во врска со организирање на активности поврзани со запознавање на шпанскиот јазик, литература и уметност, како и можноста за изучување на шпанскиот јазик во библиотеката.

Во текот на состанокот беа предложени активности за размена на библиотекари, предавачи од областа на библиотекарство и искуства поврзани со автоматизација на библиотечните процеси и дигитализација. Се зборуваше и за активности кои можат да се организираат во областа на остварување на милениумските цели предвидени со Агендата 2030 на УНЕСКО, за многу различни теми кои ќе бидат од интерес за пошироката популација.

Гостите имаа прилика да ги разгледаат одделите на библиотеката каде што беа информирани за најновите тековни инфраструктурни и програмски проекти.

More from ВестиMore posts in Вести »