Press "Enter" to skip to content

Стевче Стевановски ја презеде градоначалничката функција во Новаци (фото)

Денес на пладне во Новаци, по добивањето на Уверението за градоначаник, новиот градоначалник, Стевче Стевановски ја презеде градоначалничката функција во Општината и се изврши примопредавање на функцијата.Стевановски беше пречекан д дел од општинската органиација, а потоа и од досегашниот градоначалник Љубе Кузманоски.По преземањето на функцијата Стевановски рече:-Денес и официјално ја презедов функцијата градоначалник на Општина Новаци, која ќе ја водиме општината во нови предизвици, проекти и победи. Од денес Општина Новаци ќе биде ширум отворена за сите наши жители за да ги решаваме сите проблеми и предизвици. Прво би сакал да се заблагодарам за топлиот прием којшто денес ми беше организиран и да се заблагодарувам на граѓаните за големата доверба, на сите мои пријатели, роднини, познаници и сите мои сограѓани кои ме поддржуваа до доаѓањето на овој момент, а за тоа што прво ќе направи како градоначаник додаде:-Веднаш ќе се зафатам со реализација на моите предизборни ветувања, односно трите проекти кои треба да ги отпочнеме во првите 100 дена, субвенции за климатизација на објектите, субвнеции за издградба на термофасадаи и во земјоделието, субвенционирање на специфични земјоделски култури, со цел да им одговориме на потребите на жителите и решавањето на нивните проблеми.Досегашниот градоначалник Љубе Кузмановски им посака среќа и успех во наредниот четири годишен мандар.-Се надевам дека општината Новаци за четири години ќе ја видиме во многу подобро светло со многу подобри проекти. Останува времето да покажи дека во општина Новаци ќе ја оствари целта, а тоа е Новаци од рурална да ја направиме во урбана средина, рече Кузмановски.

Инаку, Стевановски, кандидат на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата освои 1.094 гласови, а неговиот противканидат Љубе Кузманоски освои 943 гласови, со кои победи во првиот изборен круг.

More from ВестиMore posts in Вести »